Прирачник за правосуден испит

Услуги

За прирачникот

Ми причинува особено задоволство што можам да Ви го претставам најновото издание на Прирачникот за полагање на правосуден испит.
Овој капитален труд, подготвен согласно Програмата за полагање правосуден испит на Министерството за правда, и отпечатен на 1028 страни, со тврд повез, претставува антологија на Македонското право во вистинска смисла и како таков веќе се потврди како вистинско четиво за секој правник.
Судијата на Врховниот суд на Македонија во пензија г-дин Ранко Максимовски, во својата рецензија за овој труд напиша: „Треба да се каже дека потребата од издавање на вакво правно помагало има повеќекратно значење во правниот живот. Со оглед на обемноста на правните прописи од областа на граѓанското материјално и процесно право, кога сеуште тоа не е кодифицирано, туку уредено во посебни прописи, се налага потреба во една книга, во вид на прирачник да се соберат и стручно обработат и коментираат правните прашања кои се однесуваат за правните институти, поими, факти, каузи и односи и нивното значење во примената за решавање конкретни проблеми од статусна или имотна природа. Со тоа се овозможува поквалитетно и поекономично совладување на правната материја, подигање на правната свест и општо сознание за законито постапување при работење на правните субјекти.„

Автори на посебните делови во овој труд се почитуваните:
Проф.д-р Кирил Чавдар,
Проф.д-р Рената Тренеска Дескоска,
Доц.д-р Ивана Шумановска,
Проф.д-р Гордан Калајџиев,
Проф.д-р Слаѓана Тасева,
Проф.д-р Елена Бундалеска,
г-ѓа Радица Лазаревска Героска,
м-р Драги Целески,
Судија Вера Коцо,
г-ѓа Билјана Николоска Жагар.

Рецензенти се Судиите од Врховен суд во пензија Ранко Максимовски и Агим Мифтари

ЕУРИСК КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје, Ви нуди и достава на Прирачникот на Вашата адреса.

Да се зафатиме со издавањето на овој капитален труд беше сериозен предизвик, но едновремено претставуваше и големо задоволство кое сакам да го споделам не само со посетителите на Обуката за полагање на правосудниот испит која успешно ја организираме веќе три години, туку и со сите мои колеги правници како уште еден чекор во нашата заедничка заложба кон воспоставување на владеење на правото и зајакнување на довербата кон институциите и правната професија во целина.

Проф. д-р Слаѓана Тасева
Основач на Еуриск Консалтинг ДОО Скопје

Како до прирачникот?

Цената на овој капитален труд е само 600,00 денари + ДДВ.
Прирачникот може да се нарача по е-маил: info@eurisk.com.mk или на телефон 02 322 0396, кај идавачот ЕУРИСК КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје.

Уплата за прирачникот може да се изврши на жиро сметка:
210-0636581701-89 НЛБ Тутунска Банка
300-0000032119-97 Комерцијална Банка
380177142601164 ПроКредит Банка

Ви требаат повеќе информации?