Оценки и мислења за обуката за правосуден испит

Обука за правосуден испит

Оценки за обуката за правосуден испит

Организирањето на обуки за полагање на правосудниот испит е самостоен проект на ЕУРИСК Консалтинг ДОО од Скопје. Проектот се реализира од почетокот на 2010 година и во изминатиот период се реализирани вкупно 13 циклуси на обука во кои обуката ја поминале вкупно 91 кандидат кои се подготвуваат за полагање на правосудниот испит.
Динамиката на циклусите во кои се организира обуката ја следи динамиката на термините за полагање на Правосудниот испитот (февруари, мај, септември и ноември) во тековната година.

Содржина и обем на обуката

Програмата за спроведување на обуката е заснована на Програмата за полагање на правосудниот испит, која врз основа на членот 7 од Законот за правосуден испит ја донесе Министерот за правда, а објавена е во јануари 2010 година во Сл. Весник на Р.Македонија бр. 10/2010.
Со наставниот план за спроведување на обуката со соодветен фонд на часови се опфатени теоретските и практичните теми содржани во Програмата. Вкупниот фонд на часови е 42 часови (еден час е 60 минути) во кој содржините се рамномерно распоредени според бројот на темите во Програмата.

Дополнителни содржини

Бесплатен пристап до е-базата на правни прописи на ЕУРИСК Консалтинг (www.eurisk.biz) за време на траењето на семестарот, од каде што можат да се превземаат сите правни прописи итеркови/модели за писмена потребни за обуката и истите можат да се печатат и да се користат за подготовка за полагање на правосудниот испит.
Кандидатите имаат можност за консултации со наставниците за сите теми од програмата за кои имаат дополнителен интерес, а сите наставни содржини и презентации им се достапни во отпечатена верзија и на интернет.

Посебно подготвен прирачник

Со цел да ја заокружи својата поддршка на кандидатите за полагање на правосудниот испит во услови на многу динамична промена на националното законодавство, а кое кандидатите мора да го познаваат и да го користат, во декември 2012 година ЕУРИСК ја издаде и книгата ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДЕН ИСПИТ.

Мислења за обуката

Цена на обуката за правосуден испит е 15.500,00 денари, а на кандидатите им се дава можност уплатата да ја извршат на две рати.

Ви требаат повеќе информации?