Усогласеност на мерките против перење пари, измама, корупција со меѓународните стандарди

Усогласеност на мерките против перење пари, измама, корупција со меѓународните стандарди

Владите во светот одговорија на корупциските скандали и измамничките активности со спроведување на законски и регулаторни реформи наменети за охрабрување на компаниите да го подобрат своето внатрешно управување. Како резултат на тоа во последните неколку години се појавија повеќе нови закони и регулатива.

Во појавата на високо профилните корпоративни скандали како и на новата регулатива ширум светот, многу бизнис лидери станаа засилено свесни за потребата да создадат мерки за заштита од измами специфични за нивната компанија, со цел да ги спречат внатрешните корпоративни измами и злоупотреби.

Со оглед на тоа дека нациите во Светот продолжуваат да даваат висок приоритет на примена на мерките против поткуп, корупција и измама, се почесто компаниите се наоѓаат во ситуација да бидат вовлечени во обвиненија и истраги кои се добро координирани и лесно извршени.

Не постои единствен пристап за менаџирање на ризикот од измама кој може подеднакво да одговори на потребите на секоја организација. Најдобрите практики од искуствата на компаниите покажаа дека најдобри ефекти се постигнуваат со создавање на специјална програма против измами во секоја компанија.

Како директен одговор на Вашите потреби и воведувањето во фокусот на вашето внимание на поврзаните области на поткуп, корупција и измама, ЕУРИСК Консалтинг Ви нуди стратешки пристап за усогласување на корпоративните вредности и начинот на работење.