За нас

Еуриск консалтинг
Еуриск

ЕУРИСК е компанија формирана со цел да им овозможи на своите клиенти вискоквалитетни консултантски и правни услуги. Тимот на компанијата има за цел да ги советува физичките и правните лица за време на нивниот деловен напредок. Компанијата Ви гарантира целосни правни услуги, а исто така нуди правно советување за почеток и развој на индивидуални бизнис проекти, како и за усогласеност на вашето работење со домашните и меѓународните стандарди.

Стручен тим

Токму за постигнување на оваа намера, тимот на ЕУРИСК со идеја за овозможување комплетни и висококвалитетни услуги на своите клиенти, има за цел да го проучи Вашето специфично прашање.

Поради тоа, нашите стручни советници се високо стручни правници и финансиски менаџери, кои покрај одлично владеење со странските јазици имаат дополнителни специјализации, усовршувања и образование од областа на правото, финанскиската економија, менаџирање со бизнис проекти и меѓународното право.

Правна помош

Правното советување/правниот консалтинг се разликува од другите правни услуги главно во тоа што овозможува иновативен и различен метод на правни услуги. Нудиме разновидни услуги за правна помош, услуги за помош на правни предмети согласно потребите на клиентот.

Услугите за правна помош и помошта за правни предмети кои ги овозможуваме се потврдија не само како високо стручни и доверливи, туку се и од пошироко значење. Нашите услуги ги овозможуваме според буџетската проценка на клиентите и тие вклучуваат темелни анализи на секој предмет со минимална вклученост на клиентите. Резултатот на таа активност е временски и финансиски реален, што е од голема важност за бизнисот на нашите клиенти.

Дискреција

Во текот на работата, задолжителна обврска на ЕУРИСК тимот е целосно, постојано и строго почитување на принципите за доверба и тајност.

Порака

Свесни сме дека во денешно време советувањето на корпоративни клиенти не значи само поседување на соодветно правно знаење и комуникациски способности, туку и проучување на бизнис заедницата во која тие делуваат.

Деловно право
Финансиско и корпоративно право
Усогласеност со европското право
Даночно право